Меџити ги пречека делегациите на „Фолк Фест“ во Општина Чаир

Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на „Фолк Фест“, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.
За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше истакнато и значењето на меѓународните фестивали во зближувањето на културите, промоцијата на фолклорот и создавањето пријателства меѓу народите.
„Чаир и Скопје отсекогаш биле места каде што се среќаваат различни култури и традиции. Ви благодарам што преку вашата уметност, музика и фолклор го збогатувате културниот живот на нашиот град и градите мостови на пријателство меѓу луѓето од различни земји во светот,“ изјави Меџити.
Меџити им посака добредојде на сите учесници и многу успех на финалната вечер на 8. издание на Folk Fest.
The post Меџити ги пречека делегациите на „Фолк Фест“ во Општина Чаир appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: