Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја координира акцијата за снабдување на граѓаните на Гостивар со вода за пиење и техничка вода поради епидемијата што го зафати градот.
Во моментов на терен се распоредени четири цистерни со вода на повеќе локации во градот, а во текот на денот се очекува да пристигнат уште девет цистерни и еден камион со резервоар за вода од повеќе општини и од Армијата.
Според ЦУК, денес на располагање на граѓаните се ставени 100 тони вода за пиење и 78 тони техничка вода.
Дополнително, обезбедени се 60.000 литри флаширана вода од Министерството за локална самоуправа, како и еден шлеп со флаширана вода за пиење, донација од Општина Неготино.
Од Центарот за управување со кризи најавија дека ќе продолжат со координацијата на сите активности на терен и со следење на состојбата во соработка со надлежните институции, сѐ до нејзино целосно стабилизирање.
The post Распоредени цистерни со вода во Гостивар, во текот на денот пристигнуваат уште девет appeared first on Во Центар.



