Брајан Авиа ќе биде единствениот македонски претставник на Светското младинско првенство во атлетика (спортисти до 20 години), што ќе се одржи во Јуџин, Орегон (САД) од 5 до 9 август.
Авиа ќе настапи во дисциплината скок во далечина, на 6 август. Авиа е македонски младински рекордер во оваа дисциплина. Тој го постави рекордот од 7,15 метри пред две недели на Балканијадата во Романија.
Инаку, Авиа има и скок од 7, 20 метри, но со недозволена јачина на ветрот, па затоа не е признат.
Брајан на СП ќе биде придружуван од неговиот тренер Ѓорѓи Вучков, кој ни изјави дека лесно е можно нашиот атлетичар од САД да се врати со нов македонски рекорд во оваа дисциплина.
На Светското У20 првенство ќе настапат над 1.700 атлетичари од речиси 200 земји.



