Од утре следува период на стабилно, сончево и топло време со пораст на температурите

Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од утре следува период на стабилно, сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.
The post Од утре следува период на стабилно, сончево и топло време со пораст на температурите appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: