Прв потежок случај на западно-нилска треска во земјава

Повозрасен пациент кај кој е потврдена западно-нилската треска е во посериозна здравствена состојба. Тој има воспаление на мозокот и е приклучен на респиратор.
Седумдесет и шестгодишниот скопјанец не патувал надвор од државата, заразен е од домашен заразен комарец.
– За жал, 76-годишен пациент е потешко болен и се наоѓа во центарот за интензивна нега. Пациентот е на респираторна поддршка затоа што кај него е покритична состојбата. Останатите пациенти се стабилни и се префрлени во Одделот за невроинфекции, изјави директорот на Инфективната клиника Фадил Цана.
Досега во државава се регистрирани осум случаи на западно нилска треска. Повеќето се повозрасни пациенти и не патувале надвор од државата. Најголем дел од пациентите се од Скопје и Велес.
The post Прв потежок случај на западно-нилска треска во земјава appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: