Пожарот во Велес се прошири кон патот за Штип, полиција го регулира сообраќајот поради густиот чад

По дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, а и епипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во Велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип. Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штаб за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен.

Инаку, во државата има и други пожари, од коишто до 18:00 часот, во ЦУК се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, при што aктивни се 4 пожари, под целосна контрола нема, а изгаснати се 5 пoжари.

Пронајдете не на следниве мрежи: