Шеесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од роднина по претходно недоразбирање поврзано со имотно-правни односи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е. Ч. (69) од Скопје вчера во 15:50 часот го пријавила случајот во СВР Скопје.
Таа навела дека на 25 јули 2026 година околу 17:00 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија околу имотни прашања, била физички нападната од С. К., со која биле во роднинска врска.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



