Претставник на Бенјамин Нетанјаху ги отфрли тврдењата за тензии меѓу израелскиот премиер и американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека двајцата функционираат како „близок брачен пар кој си ги довршува речениците еден на друг“.
За време на средбата со Нетанјаху, Трамп ја покрена темата за тековното судење за корупција на Нетанјаху по сопствена иницијатива , изразувајќи го својот презир кон случајот, изјави израелски функционер, според „Тајмс оф Израел“.
Во минатото, Трамп го критикуваше претседателот Исак Херцог за тоа што не го помилува Нетанјаху , но во исто време се воздржа од поддршка на израелскиот премиер пред претстојните избори.
Некои соработници на Трамп наводно стравуваат дека уште една израелска влада предводена од Нетанјаху и составена од крајно десничарски сили би ѝ оневозможила на администрацијата на Трамп да ја унапреди регионалната интеграција, со оглед на експанзионистичките амбиции на Израел во Појасот Газа, Западниот Брег, Либан и Сирија.
The post Вистината за односот меѓу Трамп и Нетанјаху; „Како брачна двојка“ appeared first on Во Центар.



