Шпанскиот министер за надворешни работи, Европска унија и соработка, Хозе Мануел Албарес, објави дека го поканил италијанскиот амбасадор на разговор по коментарите на шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани, за суспендирањето на Шенгенскиот договор со Шпанија.
Тајани вчера повика на суспендирање на договорот поради мигрантската криза во шпанската енклава Сеута во Северна Африка .
„Оваа порака е несоодветна за министерот за надворешни работи на партнерска и пријателска земја од која очекуваме европска солидарност, а не партиска демагогија. Денешните настани се поврзани со судската пресуда и немаат никаква врска со она што е напишано во твитот. Го поканив италијанскиот амбасадор на разговор утре“, напиша Албарес во објава на X.
Тајани претходно објави дека „одлуката на владата во Мадрид да им додели шпанско , а со тоа и европско, државјанство на повеќе од 500.000 нелегални мигранти е длабоко погрешна“ и дека тоа ја поттикнува трговијата со луѓе.
Este mensaje es impropio del Ministro de Exteriores de un país socio y amigo del que esperamos solidaridad europea y no demagogia partidista. Los hechos de hoy tienen relación con una sentencia, nada que ver con lo que dice el tuit. He convocado mañana al Embajador de Italia. https://t.co/8ZDSZ1Il5c— José Manuel Albares (@jmalbares) July 30, 2026
Во исто време, извори од кабинетот на италијанскиот премиер Џорџо Мелони за Ројтерс изјавија дека италијанската влада размислува за суспендирање на Шенгенскиот договор со Шпанија.
Илјадници мигранти вчера се обидоа да ја препливаат границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута , што ја поттикна шпанската влада да мобилизира воени единици за поддршка на преоптоварената Цивилна гарда .
Првичните извештаи покажуваат дека 18 лица се удавиле обидувајќи се да стигнат до брегот на Сеута за време на врвот на таканаречениот миграциски притисок во близина на јужниот граничен бранобран кај Тарахал, кој го одделува шпанскиот град Сеута од Мароко.
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе отпатува во енклавата, во придружба на министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
The post Италијанците добија одговор; „Очекуваме солидарност, а не партиска демагогија“ appeared first on Во Центар.



