28 август означува крај на една ера: Месечевото затемнување во Риби ја менува судбината на 4 знаци

Месечевото затемнување во Риби на 28 август носи еден од најинтензивните и најемотивните астролошки моменти во годината. Стрелецот, Рибите, Близнаците и Девицата најсилно ќе го почувствуваат овој лунарен настан.

Рибите се знак на интуиција, соништа, духовност и сè што не можеме да го видиме со голо око, па затоа ова затемнување ќе ги осветли скриените емоции, тајните желби и ситуациите што долго време биле во сенка.

Затворање на животно поглавје

Многумина ќе почувствуваат силна потреба да затворат едно поглавје од својот живот, да си простат себеси или на другите и да се ослободат од товарот на минатото што ги кочело.

Она што беше нејасно полека ќе почне да добива смисла, а вистините што беа скриени може да излезат на виделина. Ова е периодот кога универзумот нè замолува да се предадеме на текот на животот, наместо да се обидуваме да контролираме секој детаљ.

Судбоносни одлуки

Можни се судбоносни одлуки на љубовниот фронт. Некои врски кои одамна го изгубиле своето значење би можеле да завршат, додека други ќе доживеат длабока трансформација и нов почеток. Емоциите ќе бидат засилени, па затоа е важно да се разликува интуицијата од минливите стравови и илузии, на кои Рибите понекогаш можат да бидат склони.

Затемнувањето во Риби особено ќе влијае на Рибите, Девицата, Близнаците и Стрелецот, но сите знаци ќе почувствуваат потреба за внатрешно прочистување и ослободување од сè што повеќе не им служи за раст.

Ова е време на завршетоци што ја отвораат вратата кон нови почетоци, време кога старите соништа се гаснат за да се направи пат за оние што се навистина во склад со нашата душа. Крајот на август носи можност за исцелување, духовно будење и донесување одлуки што ќе имаат долгорочно влијание врз следните шест месеци.

Да ве потсетиме дека последното затемнување на Месечината беше во Девица на 3 март .

Пронајдете не на следниве мрежи: