Повикот што го смени текот на конфликтот на Блискиот Исток? Саудискиот принц итно му се јавил на Трамп, еве што побарал

Во телефонски разговор со Доналд Трамп, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман апелираше за итна деескалација за да се спречи поширока војна со Иран на Блискиот Исток.

ширење на конфликтот во регионот. Разговорот денес го објави саудиската новинска агенција СПА.

Дијалогот е приоритет.

Престолонаследникот нагласи дека дијалогот мора да биде приоритет во смирувањето на тензиите. Според извештајот на агенцијата, тој ја нагласи важноста од вложување „сите можни напори“ во деескалацијата, што би го отворило патот за дипломатски решенија со позитивни исходи.

Тој додаде дека ваквите напори се клучни за зачувување на регионалната безбедност и стабилност, што би спречило вклучување во поширок конфликт, чии последици би се почувствувале на регионално и меѓународно ниво. Бин Салман и Трамп ја анализирале и постојната соработка меѓу Саудиска Арабија и САД и разговарале за можностите за нејзино понатамошно зајакнување.

Тензии по воените удари

Телефонскиот разговор следеше по речиси две недели меѓусебни воени напади меѓу САД и Иран . Во тие напади, Техеран ги таргетираше она што го опиша како американски воени објекти и опрема во неколку арапски земји.

Пред извештајот на агенцијата СПА, американскиот портал Аксиос објави дека наследникот на тронот, во разговор со Трамп, изразил загриженост во врска со најавените планови за нови големи воздушни напади врз Иран.

Трамп доцна синоќа објави дека ги откажал планираните воени напади. Како причина го наведе тоа што Иран и „другите земји од Блискиот Исток“ побарале време за да ја комплетираат рамката на мировниот договор. Тој, исто така, објави дека Израел се приклучил на оваа обврска.
The post Повикот што го смени текот на конфликтот на Блискиот Исток? Саудискиот принц итно му се јавил на Трамп, еве што побарал appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: