Да се испушта водата од чешмите, апелира Тошковски – водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење

Граѓаните на Гостивар во наредниот период треба максимално да ја испуштаат водата од чешмите во своите домови за да се забрза прочистувањето на примарната и секундарната водоводна мрежа, апелира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи.
Тој информираше дека водата од градскиот водовод и понатаму не е безбедна за пиење и може да се користи исклучиво за технички потреби. Ограничувањето ќе остане во сила сѐ додека не се добијат три последователни исправни резултати од анализите на сите мерни точки во градот, по што надлежните ќе ја известат јавноста дека водата е безбедна и за консумирање.
Во меѓувреме, надлежните ќе го зголемат интензитетот на контролите на квалитетот на водата. Ќе продолжи и дистрибуцијата на флаширана вода.
Тошковски истакна дека во водоводниот систем се спроведува и хиперхлорирање до максимално дозволеното ниво.
The post Да се испушта водата од чешмите, апелира Тошковски – водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: