ССМ со порака до работодавачите – Заштитете ги работниците од топлото

Сојузот на синдикати на Македонија со апел до работодавачите да ги заштитат работниците од топлотниот бран и високите температури коишто ја зафатија земјава.

ССМ бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

– Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури, а за што веќе објави Институт за јавно здравје.

Укажуваме дека од особено значење е да се почитуваат соодветните мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички, апелираат од ССМ.

ССМ со порака и до работниците – Почитувајте се, спроведувајте ги мерките за безбедност и здравје при работа, а доколку тоа право не ви се почитува пријавете кај вашиот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд!

– Непочитувањето на работничките права и праватa за безбедност и здравје при работа можете да ги пријавите во Сојузот на синдикатите на Македонија на: [email protected], а исто така и преку мобилната апликација, порачуваат од ССМ.

The post ССМ со порака до работодавачите – Заштитете ги работниците од топлото appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: