Два поголеми пожари попладнево има на територија на Волково и во општина Сопиште зад Водно. Во гаснењето на пожарот во Сопиште активирани се трите ер трактори.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека кон пожарот во Сопиште упатени се и четири пинцгауери на ДЗС.
Пожарот во Волково постепено се става под контрола.
ДЗС информира и за поголем пожар во близина на Јажинце, кој поради брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата е брзо изгаснат.
The post Поголеми пожари во Сопиште и Волково, се вклучуваат ер тракторите appeared first on Provereno.



