Два брода со повеќе од 200 туристи се судрија кај грчкиот остров Крф

Два туристички брода се судрија денеска во близина на островот Антипаксос во Јонското Море во близина на осторовот Крф, Грција, а според прелиминарните информации, нема повредени патници, објави „Катимерини.

На едниот од двата брода имало 203 патници, а во другиот имало 10 патника.

Исто така, не е регистрирана никаква штета на бродовите што би довела до навлегување на вода.

Медиумот наведува дека тројца патници се префрлени во Здравствениот центар на островот Паксос на медицински прегледи како превентивна мерка.

Пронајдете не на следниве мрежи: