Николовски: За неколку дена ќе ја започнеме изградбата на автопатот Скопјe-Блаце

На 25-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор од Охрид, вицепремиерот Александар Николоски најави дека изградбата на автопатот Скопјe – Блаце ќе започне во наредните денови.

„Денес, земјата се гради за да биде просперитетна преку силни инвестиции во инфраструктурата, здравството и образованието.Градиме модерна инфраструктура: За неколку дена ќе ја започнеме изградбата на автопатот Скопјe – Блаце.

Интензивно се градат патните правци Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчан.

Во текот на септември, ќе започнеме и со Букојчан – Кичево.

„Очекувам во октомври да пуштам во употреба уште една делница од автопатот Кичево-Охрид, а целиот автопат Кичево-Охрид-Струга да го завршам во првиот квартал од следната година“, најави министерот за транспорт.

Николоски додаде дека очекува, во соработка со Европската Унија, следната година да започне изградбата на првата фаза од железничката пруга Скопјe – Јегуновце-Тетово – Гостивар, втората фаза Гостивар – Кичево и третата фаза Кичево – Охрид – Струга.
The post Николовски: За неколку дена ќе ја започнеме изградбата на автопатот Скопјe-Блаце appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: