Револуција во откривањето на депресија: Научниците развиваат модел со вештачка интелигенција за предвидување до четири години однапред

Кинески научници од Универзитетот Шенжен развија модел на вештачка интелигенција (ВИ) за кој велат дека може да го предвиди ризикот од развој на депресија до четири години однапред.

Доколку се потврди во понатамошни истражувања, ова би можело да овозможи порано спречување и лекување на оваа психијатриска состојба.

Истражувачите од Универзитетот Шенжен изјавија дека големото депресивно растројство погодува повеќе од 332 милиони луѓе ширум светот и е тешко за лекување.

Според нивните изјави, способноста за предвидување на ризикот од депресија и преземање превентивни мерки на време би можела да донесе значајни придобивки за јавното здравје, пишува „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Моделот е развиен врз основа на податоци од две клинички студии за депресија кај адолесценти спроведени во неколку европски земји.

Во една студија, учесниците на возраст од 16, 19 и 23 години биле подложени на прегледи што вклучувале магнетна резонанца, крвни тестови и прашалници за да се утврди дали имаат симптоми на депресија.

Кинеските истражувачи ги анализирале собраните податоци, а потоа ги искористиле за да создадат модел на вештачка интелигенција дизајниран да го детектира ризикот од депресија .

Примената на финалниот модел им овозможи на истражувачите да предвидат кои 19-годишници ќе имаат поголем ризик од развој на депресија до 23-годишна возраст, а предвидувањата беа потврдени со податоци од финалната фаза на студијата.

За време на креирањето на моделот, беа анализирани реакциите на испитаниците на сликите, вклучувајќи фотографии од човечки лица, како и реакциите на нивните мозочни сигнали.

„Овие наоди укажуваат на можен механизам што ја поврзува генетската ранливост со променетата перцепција на емоциите и последователната депресија, како и потенцијален предикативен компјутерски маркер за рано откривање и превенција“, рече Лу Хан, вонреден професор на Одделот за вештачка интелигенција на Универзитетот Шенжен.

Детална анализа на мозочната активност спроведена од групата на Лу Хан покажа дека учесниците чии мозоци не можеле да разликуваат различни емоции на лицата и кои ги перцепирале другите луѓе како лути почесто имале значително поголем ризик од развој на симптоми на депресија и анксиозност во зрелоста .

Врз основа на тие резултати, истражувачите развија модел на длабоко учење кој го имитира начинот на кој мозокот ги обработува визуелните информации за да предвиди како мозокот ги кодира апстрактните емоционални концепти, како што е лутината.

Потоа Лу Хан развил маркер врз основа на тие резултати и го применил на учесниците во друга студија која ја споредувала депресијата со други ментални нарушувања, вклучувајќи алкохолизам, компулсивно прејадување и злоупотреба на дрога.

Резултатите покажаа дека, меѓу група од повеќе од 400 адолесценти со различни форми на депресија, абнормални вредности се регистрирани само кај оние со клинички дијагностицирано големо депресивно растројство, вкупно 134 испитаници.
The post Револуција во откривањето на депресија: Научниците развиваат модел со вештачка интелигенција за предвидување до четири години однапред appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: