Голема спасувачка операција започна денес откако полски алпинист падна во тешко достапна клисура на планината Олимп, објави Катимерини.
Властите беа информирани за падот во 13.20 часот, по што силите на 2-та и 8-та ЕМАК беа мобилизирани за да го лоцираат алпинистот и да стигнат до местото на несреќата.
Алпинистот се наоѓа на место кое е особено тешко за пристап, што ја прави спасувачката операција исклучително тешка.
Операцијата е во тек, а здравствената состојба на алпинистот во моментов е непозната. Се знае само дека тој е во бесознание.



