Тошковски: Отсега, мотоциклистите автоматски ќе бидат санкционирани и преку системот „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека отсега и мотоциклистите автоматски ќе бидат санкционирани преку системот „Безбеден град“ за пречекорување на дозволената брзина.

Досега, системот за мотоцикли бележеше само преминувања на црвено светло. Тошковски рече дека од вчера е овозможено и автоматско откривање на брзината на мотоциклите.Според него, мерката е преземена пред сè за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Тој нагласи дека од шесте жртви во сообраќајни несреќи овој месец, четворица биле мотоциклисти.„Безбедниот град“ моментално работи на Коридорите 8 и 10, како и во Скопско, Куманово и Тетово, додека до средината на септември се очекува да биде инсталиран во Велес, Кавадарци и Неготино“, рече Тошковски.

Тошковски најави и дека системот ќе овозможи онлајн плаќање на казни за македонските граѓани. Според него, од почетокот на годината, 59 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи, во споредба со 96 во истиот период минатата година, што претставува намалување од околу 35 проценти.
The post Тошковски: Отсега, мотоциклистите автоматски ќе бидат санкционирани и преку системот „Безбеден град“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: