Гугл ги менува правилата во Европа: Компанијата попушта под притисокот од регулаторите на ЕУ

Американската компанија „Гугл“ денес објави дека ќе ги промени правилата за спам во Европската Унија за да одговори на загриженоста на регулаторите и да избегне можна казна за кршење на правилата за конкуренција.

Проблемот се појави поради политиката на Google за злоупотреба на угледот на веб-страниците, насочена кон страници што објавуваат содржина од трети страни со цел да ја искористат својата репутација и подобро да се позиционираат во резултатите од пребарувањето на Google , објави Ројтерс.

Во тој случај, Google го задржува правото да ја намали видливоста на таквите страници во резултатите од пребарувањето.

Европската комисија го виде проблемот во фактот што Google го применуваше истото правило за легитимни медиуми и други издавачи кои имаат комерцијална содржина од трети страни и ја намалуваше нивната видливост и рејтинг.

Затоа, Комисијата започна истрага врз основа на Законот за дигитални пазари (DMA).

Гугл објави дека од 30 август во Европската Унија повеќе нема намерно да ја намалува позицијата на споменатите сајтови во резултатите од пребарувањето поради ова правило, како и во Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.

Европската комисија ја поздрави одлуката на Google и изјави дека сега ќе го следи спроведувањето на новите правила за да ја провери нивната усогласеност со DMA.
The post Гугл ги менува правилата во Европа: Компанијата попушта под притисокот од регулаторите на ЕУ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: