Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси (39), одлучи да ја заврши својата богата кариера во аргентинската репрезентација и повеќе нема да го носи дресот на репрезентацијата.
Во официјалното соопштение, Меси откри дека ја донел одлуката кратко по финалето на Светското првенство против Шпанија, и дека подоцнежните настани дополнително ја зајакнале неговата одлука.
„По сето ова време од финалето и по многу размислување, сакам да им кажам на сите дека се повлекувам од репрезентацијата. Тоа беше нешто што ме болеше и сè уште ме боли длабоко во себе, но разбирам дека ова е вистинскиот момент. Се колнам дека секогаш сум давал сè од себе, не само во овие последни години кога освојувавме сè, туку и претходно. Секогаш сум се борел и сум давал сè за овој дрес, за да ви донесам среќа и да ве направам горди што сте Аргентинци преку фудбалот“, рече Меси.
| Lionel Messi’s official statement:“After all this time since the final, and after thinking about it a lot, I want to tell everyone that I’m retiring from the national team…”It was a decision that hurt and still hurts deep inside, but I understand that this is the… pic.twitter.com/H2SyZ9EByP— CentreGoals. (@centregoals) August 31, 2026
Во своето писмо, познатиот фудбалер нагласи дека е време за генерациска смена и дека го остава дресот на помладите сили:
„Нема многу време и различни поглавја завршуваат. Ова е нешто што многу ме боли. Сакам, сакав и секогаш ќе сакам да бидам дел од националниот тим. Дадов сè од себе и немам што повеќе да дадам. Исто така, доаѓаат одлични млади играчи кои заслужуваат да бидат тука. Ви благодарам за целата љубов во текот на овие 20 години. Ќе ми недостига да ве слушам од теренот. Сега ќе бидам еден од вас, секогаш ќе ве поддржувам однадвор, во добри времиња, а уште повеќе во лоши.“
Меси им се заблагодари на своето семејство, соиграчите, тренерите и раководителите на федерацијата за незаборавните моменти што ги носи со себе.
„Заминувам со мир и гордост, знаејќи дека заедно со моите соиграчи ти подаривме моменти за кои некогаш сонувавме. Беше лудо да го живеам сето ова со тебе. Те сакам! Фала му на Бога што ме направи Аргентинец. Vamos Аргентина!“, напиша Меси, додавајќи порака на самиот крај објаснувајќи го моментот на објавувањето:
„Ги напишав овие зборови на 21 јули, два дена по финалето. Денес, по сè што се случи со мојот татко, сум уште поубеден во оваа одлука отколку порано.“
Вака Меси се збогува со дресот на „Гаучосите“ откако постигна сè што можеше да се постигне во репрезентативниот фудбал. Врвот на неговата репрезентативна кариера беше освојувањето на титулата светски шампион во Катар, со што се исполни неговиот децениски сон и ја одведе Аргентина до самиот врв на светот.
Оваа одлука стави крај на една од најуспешните и најемотивните репрезентативни приказни во историјата на фудбалот, оставајќи зад себе неизбришлива трага и трофеи што воодушевија милиони фанови низ целиот свет.
Покрај трофејот за светски шампион, Меси беше и двократен шампион на Јужна Америка со „гаучосите“, а загуби уште две финалиња на Светските првенства. Вкупно, тој одигра 207 натпревари за Аргентина и постигна 125 гола.
Пронајдете не на следниве мрежи:



