МАВРОВО ДОМАЌИН НА СВЕТСКИОТ КАРП ФИШИНГ ШАМПИОНАТ: 33 ДРЖАВИ И 99 ТИМОВИ ВО БОРБА ЗА СВЕТСКАТА ТИТУЛА (фото)

– Во Маврово вечерва свечено беше отворено 26. Светско првенство во лов на крап – „Маврово 2026“, еден од најзначајните меѓународни настани во спортскиот риболов.Шампионатот ќе се одржува од 2 до 5 септември 2026 година на Мавровското Езеро, а на него учествуваат 33 држави со 99 тимови. Натпреварувачите во наредните денови ќе ги одмерат своите знаења, тактика, издржливост и спортско мајсторство во атрактивната дисциплина на лов на крап.

Свеченото отворање помина во знакот на спортот, пријателството и меѓународното единство. На церемонијата беа претставени учесничките екипи, а со интонирањето на химните на земјите учеснички беше испратена порака дека спортот ги поврзува луѓето без оглед на границите.На свеченоста се обратија директорот на ЈУ Национален парк „Маврово“, Харис Ибраими, претседателот на Македонската риболовна федерација, Филип Серафимовиќ, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, како и претседателот на Меѓународната федерација за спортски риболов во слатки води (FIPSed) и претседател на Меѓународната конфедерација за спортски риболов (CIPS), Claudio Ugo Matteoli.

Директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими, истакна дека за Националниот парк претставува особена чест што токму Маврово и Мавровското Езеро се домаќини на светскиот шампионат.Тој нагласи дека ваквите меѓународни настани се значајна можност природните убавини и вредности на Маврово да бидат претставени пред светската јавност, но истовремено носат и одговорност за нивно зачувување.„Заштитата на природата и развојот на спортот, туризмот и рекреацијата можат и мораат да одат заедно“, порача Ибраими.На учесниците им посака успешен натпревар, фер-плеј и спортски дух, како и убави спомени од Маврово.

,,Нека победи најдобриот, но нека победат и спортот, природата и пријателството меѓу луѓето“, порача директорот на НП „Маврово“.

Со свеченото отворање, Маврово и официјално ја започна својата улога како домаќин на 26. Светско првенство во лов на крап, кое во следните неколку дена ќе го стави Мавровското Езеро во центарот на вниманието на светската риболовна јавност. 33 држави. 99 тимови. Едно езеро. Еден светски шампион. Добредојдовте во Маврово!
The post МАВРОВО ДОМАЌИН НА СВЕТСКИОТ КАРП ФИШИНГ ШАМПИОНАТ: 33 ДРЖАВИ И 99 ТИМОВИ ВО БОРБА ЗА СВЕТСКАТА ТИТУЛА (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: