Тринаесетгодишно момче е во животозагрозувачка состојба и се лекува на Одделот за интензивна нега во Клиничкиот центар откако беше прободено со нож во срцето по тепачка во Чаир.
Пациентот бил примен во Ургентниот центар во понеделник вечерта и веднаш бил опериран. Судија на претходна постапка, по предлог на Основното јавно обвинителство, одредил мерки за обезбедување на негово присуство за осомничениот Б.И. за насилство врз дете.
„Најновите информации што ги имам, за жал, се од вчера. Тој е сè уште стабилен, но во животно-загрозувачка состојба. Од позитивна страна, кинетиката, движењето на срцето, е во ред, но сè уште е во животна опасност“, информираше денес министерот за здравство, Сашо Клековски.
Крвавиот инцидент се случи пред три дена, во 22:00 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, Скопje.
Петте лица, од кои само едно возрасно лице, во тепачката користеле ножеви и бејзбол палки. Министерот за здравство информираше дека момчето е во сериозна состојба и дека лекарите направиле сè што можеле.
The post Детето кое беше избодено со нож во Чаир е сè уште во критична состојба appeared first on Во Центар.



