Летниот преоден рок заврши, но Аргентинецот Хулијан Алварез сè уште ги полни насловните страници.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид останува едно од најкоментираните имиња во светот на фудбалот, а денес пристигнаа најновите детали за оваа сапуница и неговиот трансфер во Барселона.
Имено, „Спорт“ објавува дека коментарите на новинарот Хозе Алварез во емисијата „Ел Чирингито“ оживеале интригантно сценарио. Барселона би можела да има простор во рамките на правилата на финансискиот фер-плеј да го доведе играчот, додека Атлетико би можела да биде принудена да го продаде веќе во јануари.
Луѓето околу самиот играч, според информациите што циркулираат, веруваат дека ситуацијата станала неодржлива.
Зборувајќи во живо на програмата, шпанскиот новинар потврди дека добил јасна порака од претставниците на Алварез.
„Идејата што ја пренесува околината на Алварез е одлучувачка, тој повеќе не сака да игра за Атлетико Мадрид. Ситуацијата ќе стане неодржлива од сега па сè до јануари. Луѓето на Хулијан веруваат дека Атлетико ќе биде тој што ќе го понуди фудбалерот на Барселона во зимскиот преоден рок“, рече новинарот.
За потсетување, Барселона отворено сакаше да го доведе Алварез во текот на целиот летен преоден рок, кој јавно призна за време на Светското првенство дека негов сон е да игра на „Камп Ноу“.
The post Познат новинар ја открива позадината на сапуницата околу Алварез и Барселона: Сè ќе биде решено во јануари appeared first on Во Центар.



