Граѓани со часови се жалат за неподносливата смрдеа која од доцна попладнево се чувствува низ целото Скопје.
Иако повеќе медиуми испратија прашања до Дирекцијата за заштита и спасување, од таму и од Центарот за управуцање со кризи нема никаков одговор – што е чадот и смрдеата во главниот град.
Државните институции – особено оние како ДЗС и ЦУК работат 24/7, но овојпат наместо одговори за граѓаните, единствено што се добива од овие две институции е молкот.



