Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со изменето работно време.
Согласно измената, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 17:00 часот.
Во сабота шалтерот нема да работи.
МВР ги информира граѓаните навремено да ги планираат своите посети согласно новото работно време, со цел непречено и ефикасно издавање на одобренијата.
The post Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца, извести МВР appeared first on Во Центар.



