Бред Пит имаше посебна порака на отворањето на Венецискиот филмски фестивал, која ја прочита Лора Дерн, во врска со Џорџ Клуни.
На Клуни му беше доделен Златен лав за животно дело, а Дерн ја прочита пораката на Пит за време на церемонијата.
„Тој може сè. Може да глуми, да продуцира, да се натпреварува во сè и сешто, подобар е од нас, но ве молам не го оставајте да танцува. Тој не е свесен. Зошто воопшто го сакаме Џорџ Клуни“, рече Дерн.
Пит додаде во својата порака дека Клуни е шармантен, алтруист, актер и спортист.
„Тој е единствената личност што ја сакате покрај себе кога ќе се појави криза. Татко, сопруг, човек од светот, борец за правда, но навистина лош танчер“, изјави тој.
Клуни и Пит го претставија својот заеднички филм „Волци“ во Венеција во 2024 година. Тоа беше и нивната прва филмска соработка по комедијата „Гори по читањето“ од 2008 година.
The post Бред Пит се пошегува со Џорџ Клуни: Тој може сè, но ве молам не го оставајте да танцува appeared first on Во Центар.



