Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, 38-годишниот С.М. и 23-годишниот С.В. двајцата од Кочани, 20-годишниот Ј.К. од Штип, 17-годишен малолетник село Долно Количани, скопско, 27-годишниот Ф.В. од село Студеничани, скопско, 36-годишниот Е.Б., 34-годишниот И.С., 18-годишниот В.В., сите од Скопје, 20-годишниот Д.П. и 68-годишниот Б.Ј. двајцата од Велес, 33-годишниот Б.С. од Куманово како и 16-годишен малолетник од село Новаке, тетовско поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола, извести МВР.
„Исто така лишени се од слобода и 29-годишниот В.Ј. од село Новаци, затоа што управувал возило под активна забрана за управување со моторно возило и 39-годишниот С.Р. од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше бидејќи возел под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, соопшти МВР.



