Блокираниот пат на европската интеграција на Северна Македонија повторно се најде во центарот на вниманието на бугарското јавно мислење, откако вршителката на должноста претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, ја спомена нашата земја за време на средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо.
Како што објавија бугарските медиуми, Јотова и Роберт Фицо разговарале и за проширувањето на Европската Унија. Тие биле категорични дека процесот на пристапување треба да се спроведува според правилата и врз основа на достигнувањата на земјите-кандидатки.
„Знаете дека имаме некои проблеми со Република Северна Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Ве молиме за вашата поддршка за Македонија да ја следи европската политика за членство. Четири години не видовме напредок во спроведувањето на обврските што ги презеде Северна Македонија во 2022 година“, изјави Јотова на состанокот, пишува агенцијата БТА.
Северна Македонија доби статус на земја-кандидат во 2005 година, но процесот на пристапување беше блокиран неколку пати – прво поради спор со Грција, а потоа и поради бугарско вето. По одобрувањето на таканаречениот француски предлог во 2022 година, започна процесот на скрининг, но отворањето на првиот кластер зависи од уставните промени.
The post Јотова: Северна Македонија ја следи европската политика, не ги спроведува обврските од 2022 година appeared first on Во Центар.



