Шпанско-египетски археолошки тим откри во Сакара гробница од доцната Петта династија на Старото кралство на Египет со две погребни капели и релјефи кои ги задржале своите оригинални бои иако биле создадени пред повеќе од 4.000 години.
Веста за новото откритие беше објавена денес од страна на египетското Министерство за туризам и антиквитети.
Според египетските власти, откритието дава нови и вредни информации за архитектурата, уметноста и административниот живот на антички Египет .
Министерството објави дека добро познатиот владетел Јунмин и неговиот татко Ити се погребани во гробницата, а меѓу најзначајните карактеристики на откритието се добро зачуваните погребни текстови.
Гробницата е пронајдена за време на летните ископувања оваа година, предводени од Автономниот универзитет во Барселона и Врховниот совет за антиквитети на Египет.
The post Неверојатно откритие во Египет: Пронајдена гробница стара 4.400 години appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



