„Да, бараме“ – вака потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, одговори на прашањето дали од ДУИ разговарале со некој од ВМРО-ДПМНЕ и дали постои согласност за предвремени парламентарни избори, во контекст на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека доколку опозицијата побара избори, ВМРО-ДПМНЕ нема да бега од нив.
„Нормално, во различни форми се комуницирало и кај нив. Нема некој голем отпор во таа насока и очекуваме дека некаде следната пролет ќе има предвремени избори. И, ние се подготвуваме за тоа“, изјави Османи.
На прашањето дали имало официјални состаноци што се одржале, Османи не сакаше да коментира и да навлегува во детали.



