Во патка со рози што од Колумбија пристигнала на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, службеници од Независната управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле 100 килограми кокаин, а уапсени се шест лица, објави грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Службениците од ААДЕ ги искористиле информациите од канцеларијата на американската служба за борба против дрога (ДЕА) во Атина, а мнозинството од уапсените се албански државјани.
Според весникот, четворица биле уапсени на аеродромот, каде што требало да ја преземат дрогата, додека другите двајца биле уапсени во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што веројатно требало да се складира кокаинот.
Во истрагата на ААДЕ помогнале и полицајци од Дирекцијата за борба против организирани криминал.



