Дали сте алергични на секс? Ова се предупредувачки знаци што многумина ги игнорираат

Иако звучи невозможно, оваа алергија всушност постои и е многу непријатен здравствен проблем што во суштина е реакција на семената течност.

Сите знаеме некој што има алергија , било да е тоа на полен, кикирики или амброзија. Но, дали некогаш сте слушнале за личност што е алергична на секс ?

Иако звучи неверојатно, оваа алергија постои, но добрата вест е дека станува збор за ретка појава поврзана со алергиска реакција на семената течност. Доколку сте во интимна врска, добро е да знаете како да ги препознаете предупредувачките знаци, пишува Unilad .

Даниел Мор, алерголог и клинички имунолог, детално ги објасни симптомите и причините за оваа алергија. Според него, најчеста причина се протеините во семената течност, а не самата сперма . Исто така, алергиска реакција може да се појави поради траги од храна или лекови што влегле во спермата пред сексуалниот контакт.

Интересно е што алергијата на сперма не е универзална, може да имате реакција на спермата на една личност, но не и на друга.

Симптомите обично се појавуваат 30 минути по сексуалниот однос и може да вклучуваат чешање и печење, осип или оток, но исто така и потешки симптоми слични на астма, како што се свирење во градите и оток. Во најтешките случаи, може да се појави анафилакса и мора да побарате итна медицинска помош.

Доколку ги забележите горенаведените симптоми по секс, задолжително посетете лекар. Едноставни алергиски тестови на кожата или крвта можат да потврдат постоење на алергија. Доколку се сомневате на алергија поврзана со сексот, задолжително консултирајте се со лекар.
The post Дали сте алергични на секс? Ова се предупредувачки знаци што многумина ги игнорираат appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: