ДНК од пергамент откри тајна стара 3.700 години: Овчите сипаници биле распространети долго пред модерната ера

Истражувачки тим предводен од Универзитетскиот колеџ во Даблин го обезбеди првиот генетски доказ дека овчите сипаници биле широко распространети долго пред модерната ера, со екстракција на ДНК од животинска кожа што се користела за производство на пергамент.

Во истражувањето објавено во списанието „Напредак науке“ пишува дека новото откритие би помогнало во идната борба против оваа болест , која е безопасна за луѓето, но ги погодува овците и козите повеќе од 3.700 години, објави агенцијата ANSA.

Меѓу делата анализирани од истражувачите се и Јоркшките евангелија, кои датираат од пред 1.000 години и се сметаат за еден од најскапоцените илуминирани ракописи (средновековни текстови рачно напишани и украсени со слики, цртежи, позлата и орнаменти).

Бидејќи пергаментот што се користел за создавање на овие текстови бил направен од кожи од животни како што се овци, кози и говеда, зачувани се информации за здравјето на животното во времето на неговата смрт, пред неколку века.

Во неколку случаи, ДНК од вирусот на овчи сипаници е пронајдена на повеќе страници од истиот ракопис, што укажува дека заразени животни биле користени за нивно производство.

Податоците покажуваат дека, за разлика од човечкиот вирус на сипаници, геномот на оној што ги зафаќа овците останал многу стабилен во текот на изминатите милениуми.
The post ДНК од пергамент откри тајна стара 3.700 години: Овчите сипаници биле распространети долго пред модерната ера appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: