Нов удар врз надежите за смирување на енергетската криза. Земјите од Персискиот Залив ги одложија планираните разговори со Иран за ситуацијата во Ормутскиот теснец.
Според последните информации, причината е недостатокот на согласност меѓу арапските држави, но и драматичното влошување на ситуацијата во Јемен.
Техеран поставува услови за нормализирање на пловидбата, меѓу кои се американските санкции и ситуацијата во Либан.
Ормут е една од најважните енергетски артерии во светот. Во нормални услови преку него поминува околу една петтина од светската трговија со нафта и гас.
Секое продолжување на кризата затоа директно се пренесува врз цените на горивата во Европа, а преку нив и во Македонија.



