Утре сончево со температури до 29 степени, во следните денови променливо време со дожд

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните ќе достигнат до 29 степени. Во Скопје се очекува слично време, со температура до 26 степени.

Во следните денови се очекува променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за краткотраен дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи: