Велешанец палел трева и отпад во дворот, па пожарот се проширил низ цел рид — полицијата го уапси

Полицијата уапси 59-годишен велешанец кој во својот двор палел трева и отпаден шут, па пожарот се прошил низ цел рид, по што морале да реагираат локалните пожарникари.

„На 16.09.2026 во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Т.(59) од Велес затоа што во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што настанал пожар кој се проширил на ридот во близина и зафатил сува трева. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес“, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: