Ако дремнете секојдневно, кратката дремка може да ви даде пријатно чувство кога сте уморни, а експертите разјаснија дали дремката во текот на денот е корисна за вас.
Како што наведуваат тие, постојат неколку фактори што треба да се земат предвид пред да дремнете додека надвор сè уште е дневна светлина.
Според терапевтката Џесика Финк, дремењето преку ден е корисно само ако се чувствувате поспано, што е различно од чувството на замор. Значи, ако се чувствувате претерано поспано, кратката дремка може да биде корисна.
„Можете да бидете уморни без да ви биде поспано. Дремката може да помогне во ублажување на поспаноста. Често се препорачува за работници во смени и за оние кои се борат со прекумерна дневна поспаност“, рече таа.
Ако само се чувствувате уморни, таа советува да станете и да се движите за да го надминете тоа чувство и да трае до времето за спиење, пишува Real Simple.
„Добрата дремка е кратка. Наместете го алармот на 30 минути за да не заспиете длабоко и да се разбудите дезориентирани“, рече таа.
The post Дали е препорачливо да дремнете во текот на денот: Може да ви даде пријатно чувство кога сте уморни appeared first on Во Центар.



