Нафтата останува над 100 долари – енергетската криза се прелева врз целиот свет

И покрај падот во последните трговски сесии, цената на нафтата останува екстремно висока во споредба со периодот пред избувнувањето на пошироката блискоисточна војна.

Reuters објави дека Brent во петокот затворил на 104,87 долари за барел, додека американската WTI била 100,30 долари.

Пред избувнувањето на војната со Иран, Brent се движеше околу 72 долари за барел, додека во еден момент од конфликтот се искачи над 126 долари.

Тоа значи дека, иако пазарот се повлече од највисоките нивоа, енергетскиот шок воопшто не е завршен.

Особено загрижувачка е комбинацијата од проблеми: нарушен сообраќај низ Ормутскиот теснец, напади врз саудиската инфраструктура, проблеми со рафинериските капацитети и новата ескалација во Јемен.

Францускиот претседател Емануел Макрон веќе најави состанок на Г7 посветен на енергијата, на кој треба да се разговара и за можноста за дополнително користење на стратешките резерви.

За Македонија ова е особено важно бидејќи земјата е увозно зависна од енергенси. Продолжено задржување на високите светски цени може да се пренесе преку горивата, транспортните трошоци и производството врз поширокото ниво на цени.

Пронајдете не на следниве мрежи: