На сред улица во скопската населба Карпош кобила донесе на свет младо ждребе.
На фотографијата објавена на Фејсбук се гледа ждребето и неговата мајка која само што се ождреби.
Фотографијата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Засега нема официјални информации кој е сопственикот на животните.
Граѓаните очекуваат надлежните општински и ветеринарни служби соодветно да реагираат.



