Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, упати апел до граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадци по пониски цени, бидејќи на тој начин, како што посочува, директно го поддржуваат нелегалното уништување на шумите.
Михаилов вели дека зад нелегалната сеча често стојат организирани групи, кои во одредени случаи ги напаѓаат и вработените во „Национални шуми“ и припадниците на шумската полиција.
Тој посочува дека оние што ќе нападнат овластено службено лице треба да очекуваат сериозни последици, бидејќи станува збор за напад врз службено лице.
Михаилов признава дека има и случаи кога вработени во претпријатието биле поврзани со криминални структури.
„Сè уште има наши вработени за кои, за жал, утврдивме одредени конекции со криминалните структури. Онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон. Веднаш се отпочнува постапка врз основа на доказите и имаме суспензии, кривични пријави и дисциплински постапки“, рече Михаилов.
Покрај дрвокрадството, шумите секоја година се соочуваат и со проблемот со намерно предизвиканите пожари.
The post Михаилов: Не купувајте дрва од дрвокрадци, го поддржувате криминалот appeared first on Во Центар.



