Според информациите од МВР, претрес се спроведува во дом, како и во службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола.
Акцијата се презема поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела.
Од Министерството засега не соопштуваат повеќе официјални детали за тоа кои лица се опфатени со постапката, ниту за конкретните дела што се предмет на истрагата.
Според неофицијални информации објавени во медиумите, претресите се поврзуваат со постапување околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.
Повеќе детали за акцијата се очекуваат по завршувањето на претресите и постапувањето на надлежните институции.



