Родителите на починатите од Пулс: Во овој случај не станува збор за обична стручна расправа, туку за утврдување на одговорноста за најголемата трагедија што ни се случи

Логичното прашање е: ако вештакот на одбраната се изјаснува само од градежен аспект и од неговите одговори се гледа дека не може да одговори на сите прашања што произлегуваат од вештачењето на обвинителството, како може неговото мислење да се користи за оспорување на целокупното вештачење?

Вештачењето на обвинителството не го опфаќа само градежниот аспект, туку повеќе области – урбанизам, градежништво, ДЗС, противпожарна заштита и други прашања поврзани со случајот.

Затоа, ако одбранбениот вештак не може стручно да се изјасни за сите тие области, тогаш неговото мислење е ограничено на она за што е повикан и за што има стручна компетентност.

А сега, кога одбраната бара супервештачење, останува на судот да оцени дали навистина постојат суштински и неразрешливи спротивности меѓу вештачењата или повторно се бара ново вештачење само затоа што постојното не ги потврдува тезите на одбраната.

Ние родителите очекуваме судот внимателно да ја утврди границата на секое вештачење и стручноста на секој вештак, затоа што во овој случај не станува збор за обична стручна расправа, туку за утврдување на одговорноста за најголемата трагедија што ни се случи.

Пронајдете не на следниве мрежи: