Почина Стојче Јакимовски, долгогодишен спикер и еден од најпрепознатливите гласови во Македонија

Вчера, на 12 октомври, на 81 година во Скопје, почина Стојче Јакимовски, долгогодишен спикер и еден од најпрепознатливите гласови зад радио и ТВ-рекламите во Македонија. Јакимовски ѝ припаѓаше на златната генерација спикери на Македонското радио, работејќи рамо до рамо со доајените на македонскиот правоговор, меѓу кои и легендарниот Симон Беличанец.

Неговиот специфичен, маркантен и топол глас остави траен белег во колективната меморија на македонските слушатели. Јакимовски беше гласот зад некои од најпознатите и најдолговечните рекламни слогани од 90-тите и почетокот на 2000-тите години, вклучувајќи ги култните реклами за „Круна релаксација и задоволство“ и „Дабар пиво“.

Со неговото заминување, македонскиот медиумски простор губи врвен професионалец, човек кој со својата дикција и посветеност кон микрофонот постави високи стандарди во радио-маркетингот и културата на говорот.

Пронајдете не на следниве мрежи: