Утре сончево и топло до 26 степени, од среда попладне дожд, најавува УХМР

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од среда попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.
The post Утре сончево и топло до 26 степени, од среда попладне дожд, најавува УХМР appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: