На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство

На Ива ќе ѝ се суди во отсуство. Ова денеска го реши судот, кој го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство во Кочани. Нејизната недостапност до државните органи, не е пречка да продолжи процесот против неа. Следното рочиште ее за 20-на дена.

Официјално, по предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е Решение на И. М, обвинета за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи. Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот.

Михаилова која е во бегство, се суди за учество во сообраќајан незгода со смртни псоледици. Според обвинителниот предлог, Михајлова управувала со автомобил „фолксваген поло“ со брзина од 86 километри на час на делница каде што ограничувањето било 60 километри на час. Обвинителството тврди дека возилото преминало во лентата за сообраќај од спротивната насока, каде што се судрило со автомобил „рено меган сценик“. Во автомобилот „рено“ имало четири лица. Бесим Дурмиши од Љуботен се здобил со тешки повреди и починал истиот ден во Клиниката за трауматологија во Скопје. Возачот на автомобилот бил тешко повреден, додека двајца други сопатници се здобиле со телесни повреди, се наведува во информациите за обвинението.

Пред една недела МВР распиша централна и меѓународна потерница по 23-годишната Ива Михајлова од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани, поради кривични дела поврзани со сообраќајната несреќа со смртни последици за која се води судска постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: