Неколку села во Студеничани денеска без струја, прекинот ќе трае до 15:30 часот

Жителите на Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и дел од Долно Количани, денеска ќе останат без електрична енергија поради најавен прекин во снабдувањето, информираат од Општина Студеничани.
Според известувањето од ЕВН Македонија, прекинот ќе трае од 08:30 до 15:30 часот.
Без струја ќе бидат сите корисници во селата Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и жителите на Долно Маало во Долно Количани.
Од Општината ги повикуваат жителите навреме да ги приспособат своите активности согласно најавениот прекин.
The post Неколку села во Студеничани денеска без струја, прекинот ќе трае до 15:30 часот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: