Уште една добра вест од Клиниката за детски болести.
Обезбедена е современа модулаторна терапија Tрикафта за сите пациенти со ЦФ кај кои постои соодветна медицинска индикација.
Од оваа година во Македонија има вкупно 126 пациенти со цистична фиброза, над 2 годишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските критериуми ќе имаат пристап до современа, таргетирана терапија, информираат од клиниката.
Ова е значаен исчекор во третманот на цистичнатафиброза во нашата држава.



