среда, 11 ноември 2026
Најново

Макронови повторно ја тужат Кандис Овенс: Поради она што го направи со куклата, реагираа со нов потег

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит повторно ја тужеа американската инфлуенсерка Кендис Овенс за наводна клевета, потврди денес претседателскиот кабинет.

Макронови тврдат во нова тужба дека подкастерот користел кукла со ликот на Брижит Макрон за да се потсмева на нејзиниот изглед, според извадоци од судската тужба, објави Ројтерс.

Пулс24.мк - 14 години

Парот Макрон ги тужеше Овенс и две компании поврзани со неа во јули 2025 година во суд во Делавер за „кампања за глобално понижување“ и тврдења дека Брижит Макрон е родена како маж.

Минатиот месец, судија во Делавер пресуди дека нема надлежност над Овенс бидејќи таа живее во Тенеси и рече дека Макронови можат да ги тужат компаниите што ги поседува, но не и неа како поединец.

The post Макронови повторно ја тужат Кандис Овенс: Поради она што го направи со куклата, реагираа со нов потег appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: