петок, 13 ноември 2026
Најново

Нов скандал на најпознатиот директор во светот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јенсен Хуанг, кој ја напушта функцијата шеф на „Нвидија“, имал „интимна врска“ со друга вработена, објави денес „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори.

Овие обвинувања доаѓаат по извештаите за уште две афери што доведоа до негова оставка – едната со Алис Хуанг , за која се сомнева дека е кинески шпион , а другата со Кимберли Пауел , потпретседателка за здравствена заштита на „Нвидија“, која му била подредена на Хуанг .

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ројтерс наведува дека не го открил идентитетот на другата вработена во компанијата „Нвидија“ и дека обидите да се контактира со неа биле неуспешни.

„Њујорк тајмс“ кон крајот на минатиот месец објави дека американските разузнавачки агенции веруваат дека Хуанг бил цел на кинеска разузнавачка операција.

Во извештајот од 29 и 30 октомври е идентификувана Алис Хуанг, која не е роднина со Јенсен Хуанг, и покрај тоа што има исто презиме, како наводна шпионка.

Нвидија првично тврдеше дека нивната врска не е романтична по природа, а самиот Хуанг ги негираше обвинувањата за афера.

Сепак, околу една недела подоцна, Хуанг ја променил својата приказна и им признал на вработените дека имал афера, кажувајќи им дека ја изневерувал својата сопруга и дека неговите постапки ја повредиле неа и нивните деца.

Да ве потсетиме дека извршниот директор на Nvidia (Nvidia) Јенсен Хуанг вчера поднесе оставка , соопшти компанијата.

Поранешната извршна потпретседателка и главна финансиска директорка (CFO) на „Nvidia“, Колета Крес, се согласи да биде привремена извршна директорка.

Поврзани вести